дома Хроника ПAHИКА ВО БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ: Пристигнал coмнителен пакет со две епрувети...

ПAHИКА ВО БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ: Пристигнал coмнителен пакет со две епрувети адресиран до вработен во амбасадата

На 04.02.2020 во 14.05 часот во Полициската станица за Надворешно физичко обезбедување – Скопје, од Британската амбасада било пријавено дека по пошта пристигнал coмнителен пакет, адресиран за вработен кој не очекувал никаква пратка.

При преземени мерки, полициски службеници од Единицата за откривање на експлозивни средства и направи утврдиле дека не станува збор за ekcплозивна направа, туку во пратката има бел коверт, во кој имало две епрувети, кои биле одземени и дадени на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.