дома Македонија ПATPИОТИТЕ ОСТАНУВААТ ВО ЗAHДAHИ: Собранието има пpaво да одлучи кому ќе даде...

ПATPИОТИТЕ ОСТАНУВААТ ВО ЗAHДAHИ: Собранието има пpaво да одлучи кому ќе даде амнecтија

Уставниот суд денеска се произнесе дека Собранието има право да одлучи кому ќе даде амнестија за настаните од 27 април. Мнозинството уставни судии се на став дека амнестија е исклучива надлежност на Собранието, кому и за какви дела ќе одреди.

Со тоа судот ја одби иницијативата на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков за оценување на уставноста на членот 1 и 2 од Законот за амнестија.

Чавков се жалеше на селективноста бидејќи беа опфатени 15 од вкупно 33 обвинети лица и со тоа ги крши основните слободи и права на човекот загарантирани со Устав.

Судиите се повикоа на амнестијата на Собранието за дел од затворениците поради лошите услови во затворите дадена пред неколку месеци. И тогаш имаше селективност, односно не беа опфатени затворениците осудени за тешки дела, доживотен затвор, изборни нерегуларности, иако и за нив условите во затворот биле тешки.

Сепак судиите сметаат дека ова не смее да стане пракса и амнестијата да стане честа појава, односно да води сметка за еден ист настан да ги амнестира или сите опфатени или никој.