дома Временска Прогноза Пeкoлни тeмпeратури до втoрник, а пoтоа рaзладување

Пeкoлни тeмпeратури до втoрник, а пoтоа рaзладување

До вторник нашата територија ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Особено топло ќе биде во понеделник и во вторник кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).

Потоа, во вторник попладне ќе има услови за изолирана и краткотрајна нестабилност, додека поголемо дестабилизирање на атмосферата ќе има од среда.

Според сегашните анализи со кој располагаме, ЗНАЧИТЕЛНО ОСВЕЖУВАЊЕ на времето и тоа поради продор на свежа воздушна маса од север се очекува од четврток кога максималните температури ќе бележат тенденција на пад за 7 до 9 степени. Состојбата се следи и понатаму следуваат подетални и обновени анализи околу долго очекуваното освежување на времето.