дома Македонија Пeтчлeнo ceмejcтвo бapa пoмoш: „Нa пcихиjaтpиja нe ми гo пpимaaт, 6oлниoт cин...

Пeтчлeнo ceмejcтвo бapa пoмoш: „Нa пcихиjaтpиja нe ми гo пpимaaт, 6oлниoт cин пoвтopнo ja зaпaли кyќaтa“..

Петчлено семејство од струшко Мислешево живее само од плата од 16.000 денари. Две деца се болни, едното не го ни примаат во болница, а за другото лекувањето е прескапо, објави СДК.МК.

Порталот пишува дека Илче и неговата сопруга секојдневно се соочуваат со здравствените проблеми на најмалиот син кој поради, како што велат, психички пореметувања често е агресивен, а на двапати го запалил и нивниот дом.

„Куќата ја запали повторнo. За среќа брзо го изгаснавме пожарот, беше фатен само креветот и дел од покуќнината. До сега двапати нè запали. Го носев детето на Психијатрија, но не ми го примаа. Лекарот ми кажа да му давам таблети, но не се смирува. Агресивен е често, ни помагаат роднини. Треба институциите да преземат нешто. Ние не можеме повеќе да се справиме“, вели Илче.