Пет лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 23.45 часот во скопско Арачиново.
Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф караван“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ф.(28) од с.Арачиново и „фолксваген голф 3“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(23) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „голф 3“, А.М.(54) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле малолетна сопатничка и сопатник И.Ш.(20) од истото возило, како и двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.