дома Хроника Пoбapaн пpитвop зa ocoмничeн дилep oд Скопје

Пoбapaн пpитвop зa ocoмничeн дилep oд Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен осомничен за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 17 септември, при претрес во домот на осомничениот во Драчево, биле пронајдени 261,82 грама марихуана, како и 17,93 грама психотропна супстанција – амфетамин. Освен ова, полициските службеници пронашле и одзеле и  5,63 грама семки од канабис, неколку таблети од 3,4 метилен-диоксиметамфетамин и две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност да го потвори делото.​​