дома Свет Пoбeгнaтиoт aвгaниcтaнcки пpeтceдaтeл oд дpжaвнaтa кaca ykpaл 169 милиoни дoлapи

Пoбeгнaтиoт aвгaниcтaнcки пpeтceдaтeл oд дpжaвнaтa кaca ykpaл 169 милиoни дoлapи

Побегнатиот претседател на Авганистан Ашраф Гани украл 169 милиони долари од трезорот, изјави авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, Мухамед Зохир Агбар на конференцијата за новинари во Душанбе, пренесува Спутник.

Амбасадорот бегството на претседателот го нарече „предавство на земјата и нацијата“ и вели дека тој „украл 169 милиони долари од државната каса“.

Ашраф Гани побегна од Авганистан дента кога талибанцита ја презедоа контролата во Кабул. Неговата локација не е потврдена, иако се шпекулираше дека тој се наоѓа во Оман.