Пoвтopнo зaтвopeн нajгoлeмиoт пyнкт зa вakцинaциja во „Борис Трајковски“ – eвe кoja e пpичинaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот вакцинален пункт во Македонија во спортскиот центар „Борис Трајковски“, од синоќа е затворен поради намален интерес од страна на граѓаните за вакцинирање, а од Министерството за здравство велат дека доколку има потреба, тој повторно ќе биде отворен, објави ТВ21.

Од Здравство објаснуваат дека друга причина за затворање на овој пункт е тоа што просториите на центарот се потребни за други активности.

Во Скопје имунизацијата се врши во седум поликлиники. Во „Букурешт“, „Јане Сандански“ и Чаир се работи во две смени, а во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари.

Масовната вакцинација во салата „Борис Трајковски“ започна во април, а пунктот потоа беше затворен кон крајот на јули. Поради зголемувањето на бројот на граѓани кои пројавија интерес за вакцинација и со цел намалување на притисокот врз вакциналните пунктови во здравствените домови, вратите на салата „Борис Трајковски“ беа повторно отворени во август.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This