дома Македонија Пoжapникapитe oд Тетово нa нoзe: Бapaaт дoдaтoк нa плaтaтa штo им cлeдyвa...

Пoжapникapитe oд Тетово нa нoзe: Бapaaт дoдaтoк нa плaтaтa штo им cлeдyвa co зaкoн

Пожарникарите од Тетово протестираа за додаток на платата што им следува со закон. Некои од пожарникарите веќе започнале и судска постапка.

Да се повторат поставените барања, во колективно осигурување, корекција на приходите на платата во текот на празничната ноќ и преку викенд како и да се плати дополнителната работа надвор од работното време, корекција на основната плата за 20% и парична исплата врз основа на судска одлука а исплатени се само 20 илјади денари наместо 60 илјади денари. Не една средба, имавме неколку средби, ќе кажам и потежок збор, не’ лажат, ни ги откажуваат средбите, велат направете барања врз основа на општинскиот архив, истакна Фариз Џемаили.

Во врска со протестот на пожарникарите побаравме одговор од општина Тетово. Од таму велат дека се трудат во рамки на законот да ги исполнат сите услови на пожарникарите.

Во рамки на законот што е на сила, се потрудивме да ја поддржиме и оцениме работата што ја вршат пожарникарите од Тетово, опслужувајќи ги граѓаните не само во Тетово туку и на 5 други општини околу. За уредување на статусот и исполнување на потребите на пожарникарите потребен е ангажман на државно ниво бидејќи овој проблем не е локален, туку е во цела земја. Општина Тетово до сега исплатила дел од финансиските компензации за пожарникарите од Тетово и во блиска иднина ќе се избришат во целост останатите два дела од овој надомест во тотална вредност од 40 илјади денари за секој пожарникар, велат од општина Тетово.

Пожарникарите велат дека нивната работа ќе продолжат да ја работат достоинствено, но додадоа дека доколку општината продолжи да ги игнорира, протестот ќе го преместат пред општината и пред Влада. Од нивниот синдикат доставија и барање до премиерот Зоран Заев но и од таму се уште без одговор.