дома Балкан Пoжap вo Анталија – нaceлeниeтo ce eвaкyиpa, вo хoтeлитe нeмa cтpyja и...

Пoжap вo Анталија – нaceлeниeтo ce eвaкyиpa, вo хoтeлитe нeмa cтpyja и вoдa..

Шумски пожар избувна денеска околу пладне во близина на Анталија во градот Сиде.

Пожарот избувна во шума недалеку од Анталија. Поради близината на туристичките места, во хотелите нема струја и вода.

Како што пренесуваат медиумите, две села се целосно изгорени, а, евакуацијата на населението е во тек.

Сè уште не е познато дали има жртви.

Ветерот го носи пламенот и огнот се шири, иако пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот со хеликоптери.