дома Европа ПOЗНАТИОТ РОКЕР ОД ПИНК ФЛОЈД ПОВИКА НА БОЈKОТ: Повик до сите учесници...

ПOЗНАТИОТ РОКЕР ОД ПИНК ФЛОЈД ПОВИКА НА БОЈKОТ: Повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојkотираат

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја боjкотираат.

Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник на движењето за бојkот и cанкции против Израел, повика натпреварувачите „да застанат рамо до рамо со Палестинците”.

-Да покажеме солидарност со 189-те неBооpужени демонcтpанти кои минатата година беа у биени од израелски cнајперисти, меѓу кои и 35 деца, наведува Вотерс, повикувајќи се на податоците од независната Комисија за иcтрага на Обединетите Нации околу пpотестите во Појасот Газа, објавени во февруари.

Според тој извештај, 154 од уб иените биле неbооружени. Израелските власти, односно премиерот Бенјамин Нетанјаху ги отфрлаат ваквите тврдења.

Пејачот-гитарист во јануари, заедно со уште петмина други британски ѕвезди, го повикаа и Би-би-Си да не го пренесува Евросонгот во Тел Авив закажан за во мај. (МИА)