Пoзнaтиoт вoдитeл pacпaли пo Меган Маркл: Зa пeт гoдини ќe пoзиpa нa jaхтa зa Плejбoj

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот британски новинар и водител, Џереми Кларксон, проговори за лошиот однос помеѓу Меган Маркл и неговиот колега Пирс Морган, кој изјави дека војвотката од Сасекс лажела во големото интервју кај Опра Винфри.

Во колумна за „The Sun“ го коментирал овој случај и напишал дека поранешната актерка е омилена помеѓу „младите и глупавите кои веруваат дека нејзиниот бренд на глупаво изигрување на жртва еден ден ќе доведе до пропаст на монархијата“.

Кларксон заклучува дека и за тоа нема шанси бидејќи кралското семејство доживеало и полоши афери.

„Верувајте ми Меган Маркл е готова и за пет години ќе позира пред Таџ Махал или на јахта за Плејбој на Медитеранот“.

Потсетуваме, по интервјуто на Меган и Хари кај Опра Винфри, Морган во емисијата „Добро утро Британија“ истакна дека верува дека Меган лажела дека размислувала за самоубиство.

Откако ководителот го критикуваше поради овие изјави, Морген бесен го напушти студиото, а потоа си даде отказ.

Кларксон и Морган не отсекогаш се во добри односи, а работите ескалираа кога Кларксон под дејство на алкохол го нападна Морган на доделувањето Бритиш Награди во 2004 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This