дома Македонија Пoзнaт идeнтитeтoт на пpaтеничката од BMPO позитивнa нa Koвид 19

Пoзнaт идeнтитeтoт на пpaтеничката од BMPO позитивнa нa Koвид 19

Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јадранка Поцкова е позитивна на ковид-19, потврдуваат од пратеничката група.

Таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, но две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието.

Покрај неа, во изминатите денови беше објавено дека позитивни на тестот за ковид-19 се и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Претходно, пак, инфициран со коронавирусот беше и Арбен Зибери, кој за изборот на Влада гласаше од посебна просторија во Собранието.