дома Балкан Пoлициcки чac вo Солун, Халкидики, Лариса пopaди пopacт нa бpojoт нa зapaзeнитe

Пoлициcки чac вo Солун, Халкидики, Лариса пopaди пopacт нa бpojoт нa зapaзeнитe

Заразите се стабилизирани низ целата земја, но се зголеми бројот на случаите во северна Грција.

Министерството за цивилна заштита објави дека во Солун и поширокиот регион, како и во соседниот регион Халкидики и во Лариса, петтиот најнаселен град во земјата, од 1 октомври една недела ќе бидат во сила ограничувања од 4-ти степен.

Грција минатата година ја помина првата фаза на пандемијата подобро од многу други земји, но оваа година има зголемување на бројот на случаите.

Во Грција вчера беа регистрирани 2.232 новозаразени и 33 починати, со што вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата се искачи на 655.767, а на смртните случаи на 14.828.

Земјата со 11 милиони жители досега администрираше повеќе од 12 милиони први дози вакцина. Околу 58 проценти од Грците се целосно вакцинирани и владата се надева дека ќе го зголеми бројот на вакцинирани лица на 70 проценти, што би ги зголемило шансите за градење колективен имунитет.