дома Хроника Пoлициjaтa пpoтepa двajцa мaлoлeтни Срби кои нелeгaлно влeглe во Македонија

Пoлициjaтa пpoтepa двajцa мaлoлeтни Срби кои нелeгaлно влeглe во Македонија

Полициски службеници синоќа половина час по полноќ ги привеле И.Е.(19) и 17-годишник, двајцата од Србија, кај наплатната рампа Градско, на автопатот Гевгелија-Скопје.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека при проверка на возило „Ауди“, со велешки регистарски ознаки, во кое биле двајцата патници, констатирано е дека тие нелегално влегле во државата.

-Поднесен е соодветен поднесок од страна на Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци, а од Основен суд Велес изречена им е глоба и мерка „протерување на странец од територијата на Република Северна Македонија“, по што полициските службеници ги спровеле до Граничниот премин Табановце, се вели во соопштението од МВР.