дома Балкан Пoплaви во Албанија, вojcкaтa им пoмaгa нa eвaкyиpaнитe, пopoјнитe дoждoви би мoжeлe...

Пoплaви во Албанија, вojcкaтa им пoмaгa нa eвaкyиpaнитe, пopoјнитe дoждoви би мoжeлe дa coздaдaт пoгoлeми пpoблeми

Албанската војска ги снабдува со храна и вода домаќинствата во северозападниот дел на Албанија, кои се изолирани поради поплавите предизвикани од поројните дождови.

Засега нема информации за човечки жртви и угинување на стока, соопштија албанските власти.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека најмалку 36 семејства се евакуирани од областите Леж и Драч, како и домови на уште околу 20 граѓани за кои е утврдено дека веќе не се „употребливи“ по оштетувањата во поплавите.

Властите тврдат дека се поплавени 7.450 хектари земјиште во Скадар, Леж и Драч, некои мостови во руралните области се уништени, а некои патишта се времено блокирани поради лизгање на земјиштето.

До некои села може да се пристигне само со воени камиони или мали чамци.

Поради дождот во централна и југозападна Албанија постои опасност од зголемување на нивото на водата во реките, но ситуацијата засега е стабилна.

Властите стравуваат дека поројните дождови би можеле да создадат поголеми проблеми, а според албанскиот премиер Еди Рама следните часови ќе бидат „најкритични“.