дома Балкан Пoтвpдeни пpвитe cлyчaи co птичjи гpип во Албанија, бoлecтa пpиcyтнa вo тpи...

Пoтвpдeни пpвитe cлyчaи co птичjи гpип во Албанија, бoлecтa пpиcyтнa вo тpи жapиштa

Во Албанија потврдени се првите случаи на птичји грип, соопшти министерството за земјоделство и рурален развој.

-По анализата на примероците од сомнителни случаи кај домашни кокошки, во Институтот за безбедност на храна и ветеринарство (ISUV), потврдено е присуство на птичји грип тип H5N8. Болеста е присутна во три жаришта населени места, лоцирани во административните единици Фуш-Круја, Дајт и Бујан, наведува министерството.

Додава дека ветеринарната служба ги уништија погодените и сомнителни птици и оти презема мерки за спречување на понатамошното ширење на болеста.

Веднаш по објавата на Светската организација за присуство на вирусот во некои земји од регионот и пошироко, по наредба на министерката Милва Економи беше изготвен план со заштитни мерки.

Првата мерка беше забрана на влез на живина и месо од неа на територијата на Албанија од земјите каде е потврдено присуството на болеста.

Исто така на национално ниво забранета е продажба на живина на отворен простор и на сточни пазари. Транспорт е дозволен до кланиците, но само со ветеринарно здравствено уверение.

Во рамки на министерството формиран е национален кризен центар за раководење и координација на планот на активности.