Пoтпpeтceдaтeлoт нa cлoвaчкaтa Влада Штефан Холи пoзитивeн нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словачкиот вицепремиер Штефан Холи е позитивен на коронавирус, соопшти денеска владината канцеларија, додавајќи дека тој е во изолација.

Членовите на Владата беа тестирани откако словачкиот премиер Игор Матовиќ вчера изјави дека е позитивен на вирусот, јави ТАСР.

Покрај него, вчера беше соопштено дека позитивни се и потпретседателката на Владата Вероника Ремисова и министерот за одбрана Јарослав Над.

Министерот за заштита на животната средина, Јан Будај е во самоизолација од 15 декември, откако имаше контакт со заразено лице, додека министерот за земјоделство, Јан Мицовски е позитивен, исто така од пред неколку дена.

Другите министри во словачката Влада се во самоизолација, а некои од нив веќе се тестирани за вирусот.

По средбата со Матовиќ, и претседателот на Парламентот Борис Колар е во самоизолација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This