дома Свет Пoтoнa брод во Турција со околу 60 мигpaнти

Пoтoнa брод во Турција со околу 60 мигpaнти

Брод кој потона во езерото Ван во источниот дел на Турција превезувал меѓу 55 и 60 мигранти, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, додавајќи дека досега се извлечени шест тела и во тек е истрага.

Во пребарувањето на теренот се вклучени хеликоптери и чамци. Причина за потонувањето на бродот било силното невреме.

Медиумите објавија дека мигрантите најверојатно се по потекло од Пакистан, Авганистан и Иран.

Езерото Ван, во истоимената турска провинција, се наоѓа во близина на границата со Иран и преку него мигрантите обично преминуваат во Турција.