дома КОВИД-19 (Коронавирус) Пoчина затвopeник, се шпeкулира дека бил зapaзeн со koвид

Пoчина затвopeник, се шпeкулира дека бил зapaзeн со koвид

Како што неофицијално дознава порталот nmk-post, починал затвореник од затворот Идризово, пренесува порталот Алмакос.

Според неофицијални извори и информации, починатиот имал околу 70 години, додека наводно бил заразен со Ковид 19 и починал на клиниката Козле.

Состојбата во затворите во Македонија се пренесува дека е тешка, имајќи предвид дека во затворските ќелии има повеќе луѓе отколку што е потребно, со што се зголемува ризикот од побрзо ширење на вирусот.

Наскоро се очекува полицијата да објави официјално соопштение за овој настан.