дома Свет Пoчинa глyмицaтa Тања Робертс, нajпoзнaтa пo yлoгaтa вo „Џејмс Бонд“

Пoчинa глyмицaтa Тања Робертс, нajпoзнaтa пo yлoгaтa вo „Џејмс Бонд“

Американската глумица Тања Робертс, можеби најпозната по филмот „Џејмс Бонд: Изгледи за убиство“ (A View to a Kill), почина вчера на 65-годишна возраст. Причината за смртта сѐ уште не е соопштена.

Таа глумеше и во серијата „Чарлиевите ангели“ од 1980-тите, како и во „Лудите ’70-ти“ од 1998 до 2004 година.

Во кариерата таа била и модел со улоги во реклами, како и во повеќе филмови од Б-категорија.