дома Европа Пoчинa пoтпpeтceдaтeлот на германскиот Парламент, Томас Оперман

Пoчинa пoтпpeтceдaтeлот на германскиот Парламент, Томас Оперман

Потпретседателот на германскиот Парламент, Томас Оперман почина ненадејно, објавија германските медиуми.

На политичарот од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) му се слошило синоќа за време на снимањето за ЗДФ, и веднаш бил пренесен во болница.

Министерот за труд Хуберт Хајл преку „Твитер“ изрази сочувство за смртта на неговиот сопартиец.

На крајот на август, Оперман објави дека нема да учествува на претстојните парламентарни избори.