дома Социјални Мрежи Пoчинa тaткoтo нa Apбeн Tapaвapи

Пoчинa тaткoтo нa Apбeн Tapaвapи

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на својот Фејсбук профил напиша дека неговиот татко починал.

– „Почитувано семејство и драги пријатели, по напорната битка од неколку недели, татко ми не можеше да се справи со болеста. Тој беше херој на секоја војна и секоја битка што ја поминав во животот. Столбот на нашето семејство се сруши, нашиот херој почина оставајќи празнини и длабока болка во нашите срца, празнини кои никогаш нема да бидат пополнети! Татко ми повеќе нема да биде физички меѓу нас, но секогаш ќе биде присутен во нашите срца и молитви. Копнежот и љубовта кон него никогаш нема да згаснат! Ова беше одлука на Господ и на нас е да се согласиме со одлуката и да се молиме на Бога да го закрили нашиот татко под неговата милост! Погребот ќе се одржи денес (петок) на старите гробишта, по петочната молитва“, напиша Таравари.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.