дома Македонија Пoчинaa тpoјца на Инфekтивното одделение во штипската бoлницa, двајца со нeгaтивeн тecт

Пoчинaa тpoјца на Инфekтивното одделение во штипската бoлницa, двајца со нeгaтивeн тecт

Тројца пацинети на вораст меѓу 60 – 79 години починаа вчера попладне на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, потврдија од болницата. Од починатите, само еден е со потврден тест на ковид 19. Кај другите двајца тестот е негативен. Овој невообичен случај од праксата на Инфективното одделение, засега е без објаснување.

Додека расте бројот на новозаразени од ковид 19 во дрѓавата, расте и бројот на пацинети кои имаат потреба од болничка помош. На Инфективното одделение во Штип се лекуваат 51 пацинет, а од понеделник Кожното одделение станува нов ковид центар. Веќе неполн месец пацинети се препраќаат во Кочани, каде во недостаток на инфектолози, болните се згрижени од интернисти.