дома Македонија Пo ЛДП и Пaвлe Тpajанов дejcтвува самocтojно во Coбранието

Пo ЛДП и Пaвлe Тpajанов дejcтвува самocтojно во Coбранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери потврди дека ги добил известувањата од пратениците од ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојскоски, и од Павле Трајанов од ДС дека ќе делуваат независно од пратеничката група која ја предводи СДСМ, но рече дека нема најави или пак формално известување дека ќе се формира нова пратеничка група.

Пред неколку дена ЛДП информира дека повеќе нема да дејствува во рамките на пратеничката група на СДСМ.

Во понеделник, како што соопшти тој, ќе се одржи првата средба на работната група за измени или за нов Деловник во рамки на процесот Жан Моне. На таа прва средба треба да биде утврдена методологијата за работа.