дома Македонија Пoceбeн peжим нa сooбpaќaj нa 1 и 2 aвгycт – eвe нa...

Пoceбeн peжим нa сooбpaќaj нa 1 и 2 aвгycт – eвe нa кoи мecтa

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2021 година па сѐ до 22.00 часот на 02.08.2021 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место викано Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.