дома Економија Пockaпуваат бензините од полноќ

Пockaпуваат бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ да бидат зголемени за денар до денар и половина.

Еуросупер БС-95, дизелот и Есктра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар, а Еуросупер БС-98 за денар ипол.

Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 65,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 67,50 денари, а дизелот по цена од 56 денари за литар. Есктра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 45 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се зголемува за 0,637 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,396 денари за килограм.