дома КОВИД-19 (Коронавирус) Пopaди кoнтaкт co лицe пoзитивнo нa Koвид-19: Николче Бабовски oди вo caмoизoлaциja

Пopaди кoнтaкт co лицe пoзитивнo нa Koвид-19: Николче Бабовски oди вo caмoизoлaциja

Поради контакт со лице позитивно на Ковид-19, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, во следните неколку дена ќе биде во самоизолација.

„Моменталната состојба е променлива и многу непредвидлива, коронавирусот ни наметна нови начини и услови на кои сите мора брзо да се прилагодуваме. Поради контакт со лице позитивно на Ковид-19, во следните неколку дена одам во самоизолација, по што ќе направам и тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Но, самоизолацијата ги менува моите секојдневни планови и обврски кои веќе ги имав испланирано за наредните денови. Се извинувам за сите откажани состаноци, планирани средби, настани. Здравјето и безбедноста на луѓето со кои имам секојдневни средби, семејството, блиските соработници, вработените во Агенцијата се приоритет. Ова ќе помине, да се чуваме, да носиме маски и заштита. Бидете здрави и живи сите, ова ќе помине, а ние ќе бидеме посилини“, изјави Бабовски.