дома Свет Пopaди нacтaнитe вo Aвгaниcтaн, бpитaнcки вojници cи ги oдзeлe живoтитe

Пopaди нacтaнитe вo Aвгaниcтaн, бpитaнcки вojници cи ги oдзeлe живoтитe

Неколку британски ветерани од војната во Авганистан си го одземаа животот бидејќи беа погодени и очајни поради хаотичното повлекување на силите предводени од САД и победата на талибанците, изјави денеска британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хипи.

Британија од 2001 година загуби 457 војници во Авганистан, или околу 13 проценти од жртвите меѓу 3.500 сојузнички сили.

– За жал, имаше војници кои служеа во Авганистан, вклучително и војници од мојата последна посета на Авганистан, кои минатата недела си го одземаа животот поради чувството што го имале по последните настани во Авганистан, рече Хипи.

Хипи, кој беше во воена служба во Авганистан, Северна Ирска и Ирак, оцени дека сето тоа е „многу загрижувачко и вознемирувачко”.

– Тоа ми предизвикува ужасно гадење, откри Хипи.