Пpвитe вakцини „Фајзер“ пpиcтигнyвaaт вo Србија вo пoнeдeлник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Првиот контингент од вакцинаата Фајзер се очекува во Србија во текот на следната недела“, најави членот на Српскиот кризен штаб, Зоран Гојковиќ.

„Во текот на следната недела очекуваме 5000 вакцини, и уште 350 000 вакцини во текот на првиот квартал. Србија потпиша договор со „Фајзер“ за набавка на 1.800.000 вакцини и е меѓу првите земји што го потпишаа договорот“, рекол Гојковиќ на седницата на Кризниот штаб.

На прашањето дали вакцината „Фајзер“ добила дозвола за употреба, тој одговорил дека таа добила само дозвола за увоз и дека е потребно одобрение за употреба.

„Документацијата е во ред, сега треба уште да се направи анализа на примерокот. Кога ќе ја добие дозволата, тоа е прашање на денови“, изјавил тој.

Во врска со дозволата на властите за увоз на вакцина, Гојковиќ рече дека во Србија ќе биде потребно дополнително тестирање во националната лабораторија во Агенцијата за лекови.

„После тоа, ќе можеме да им ја понудиме вакцината, на начин пропишан со закон, на сите заинтересирани граѓани“, рече Гојковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This