Основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин најавија дека се повлекуваат од врвните улоги во матичната компанија на онлајн гигантот.
Тие ги напуштат своите улоги како главен извршен директор и претседател на Alphabet, но ќе останат во одборот.
Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, ќе стане извршен директор на „Alphabet“, се вели во соопштението.
Alphabet е креирана во 2015 година, како дел од корпоративното реструктуирање на Гугл, преку кое матичната компанија имаше за цел да ги направи активностите на технолошкиот гигант „почисти и поодговорни“.
Двајцата основачи се преселија од Гугл во Alphabet, велејќи дека тие го прават овој чекор за да се фокусираат на започнување на нови иницијативи.
Но, во блог-објавата во вторникот, ко-основачите, на возраст од 46 години, објавија дека се повлекуваат од секојдневното управување со компанијата.
Во заедничко писмо се вели дека тие ќе останат „активно вклучени како членови на одбор, акционери и ко-основачи“, но се вели дека тоа е „природно време да се поедностави нашата управувачка структура“.