дома КОВИД-19 (Коронавирус) Пpвпат од пoчeтoкoт нa eпидeмиjaтa: Хонг Конг вoвeдyвa cтpoг кapaнтин

Пpвпат од пoчeтoкoт нa eпидeмиjaтa: Хонг Конг вoвeдyвa cтpoг кapaнтин

Хонг Конг денес ја воведе првата блокада од почетокот на пандемијата на коронавирус.

10.000 граѓани во густо населениот дел на островот Ковлун ќе мора да останат дома додека не бидат тестирани сите.

Владата објави дека има намера да ја заврши работата за 48 часа, за граѓаните да можат да одат на работа во понеделник, пренесува „Ројтерс“.

Во карантинската област има 70 згради.

Во тој дел на Хонг Конг, овој месец беа потврдени 162 случаи на коронавирус, а нивото на вирусот пронајден во канализацијата е поголемо отколку во другите области.

Хонг Конг беше меѓу првите делови на светот погодени од коронавирусот.

Кинескиот автономен регион успеа да го задржи бројот на заразени под 10.000, со околу 170 смртни случаи во поголемиот дел од минатата година, спроведувајќи строги мерки за физичка дистанца.