дома КОВИД-19 (Коронавирус) Пpвпaт пo peчиcи eдeн мeceц Индија пpиjaви пoмaлкy oд 300.000 нoвoзapaзeни oд...

Пpвпaт пo peчиcи eдeн мeceц Индија пpиjaви пoмaлкy oд 300.000 нoвoзapaзeни oд Koвид-19

Првпат по речиси еден месец, Индија пријави дека има помалку од 300.000 новозаразени со ковид-19. Според Министерството за здравство, во последните 24 часа има 281.386 нови случаи, а последен пат кога имаше под 300.000 заразени беше на 20 април.

Бројот на смртни случаи, пак, и понатаму е огромен и во последното деноноќие изнесува 4.106.

Индија неколку недели е најпогодената земја со коронавирус бидејќи новите мутации предизвикаа голем наплив на инфекции.

Сепак, и покрај тоа што официјалните бројки од индиските здравствени власти покажуваат мало намалување на новите случаи, експертите предупредуваат дека официјалните бројки можеби и не се реални бидејќи во руралните области нема доволно тестирања. Затоа, нивните грижи се дека можеби не е достигнат пикот на заразата во овој бран.

Сè уште има многу делови во земјата кои не го достигнале врвот, тие сè уште одат во нагорна линија. Кога ќе ги видите високиот процент на позитивни, јасно е дека не се тестира доволно. Апсолутните бројки не значат ништо ако се земат предвид само тие, мора да се гледаат од аспект на тоа колку тестирања се направени и колку од нив се позитивни, изјавил претставник на СЗО за весникот „Хинду“.

Индија во моментов е близу 25 милиони заразени, а бројот на смртни случаи е над 270.000. Ситуацијата во земјата е алармантна неколку недели, а сликите кои се гледаат оттаму покажуваа дека болниците не успеваа да се справат со напливот на пациенти и не можеа да ги примаат сите, а со напливот на смртни случаи не можеа да се носат ниту мртовечниците и крематориумите, па мртви тела се гореа на паркинзи за автомобили.