Пpв cmpтeн cлyчaj пo пpимaњe нa вakцинaтa „Фajзep“ вo Hoв Зeлaнд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата смрт, поврзана со примање вакцина против коронавирус од американската компанија „Фајзер“, беше забележана во Нов Зеланд.

Министерството за здравство ја објави информацијата по ревизијата на независниот Комитет за безбедност на вакцините против Ковид-19 при смрт на жена по имунизација. Во соопштението не се соопштува возраста на починатата.

Во соопштението се наведува дека комитетот верува дека жената починала од миокардитис, за што се знае дека е ретка последица од вакцината „Фајзер“.

Миокардитис е воспалителна болест на мускулниот слој на срцето што влијае на способноста на органите да пумпаат крв и може да предизвика промени во работата на срцето.

– Ова е прв случај во Нов Зеланд, кога смртта настапила неколку дена по вакцинирањето со препарат „Фајзер“ – се наведува во соопштението.

Се додава дека случајот бил упатен кај патолог и дека причината за смртта се уште не е утврдена. Независниот одбор смета дека миокардитот најверојатно е предизвикан од вакцинација.

Нов Зеланд досега привремено ги одобри вакцините против Ковид-19 „Фајзер/Бајонтек“, „Јансен“ и „Астра Зенека“, но „Фајзер“ е единствената доза одобрена за имунизација на населението.

Нов Зеланд се бори со епидемија на делта видот на коронавирус, откако немаше случај на инфекција речиси шест месеци.

Во изминатите 24 часа, 53 лица се заразени во Нов Зеланд, а претходно овој месец беше воведена блокада за да се спречи ширењето на вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This