дома Балкан Пpвa бecеда на cpпcкиот патриjapx Пopфириј: Хрватcкa e моjaта втоpa тaткoвина

Пpвa бecеда на cpпcкиот патриjapx Пopфириј: Хрватcкa e моjaта втоpa тaткoвина

Во првата беседа по интронизацијата во Соборната црква во Белград, новиот поглавар на Српската православна црква, патријархот Порфириј, кажа дека неговата патријархална служба нема да оди по патиштата на парцијални интереси, ниту пак ќе содржи елементи на современa партизација и парцијалното бавење со политиката, туку ќе настојува да го негува соборниот дух.

Тој вети дека ќе продолжи да му служи на својот народ и во Хрватска.

-Хрватска стана моја втора татковина, а народот што го сретнав таму ќе останат пример за мене во години што престојат. Истото важи и за Словенија. Истата моја грижа и од сите нас ја заслужуваат и сите во Северна Македонија, кои ги чуваат големите светилишта со векови, кажа патријархот на СПЦ.

„Косово е за нас завет, кој е врзан за Новиот завет, кажа Порфириј.

-Затоа Косово е нишка за нас, папочна врвца што нè поврзува со нашата духовна историска колевка, суштината на нашиот идентитет, Косово е во нас, во нашите светилишта, во кирилицата, порача патријархот Порфириј.

На почетокот на беседата тој кажа дека со длабока смиреност и чувство на стравопочит го прифатил фактот дека е воздигнат на светиот престол на Свети кир Сава, на престолот на големото архиерејство.

-Назначен сум да го зачувувам и обновувам споменот за делото, жртвата и мачеништвото на Црквата Божја, што го претрпеа моите свети претходници, рече новоизбраниот патријарх.

Порфириј кажа дека сака евангелските вредности да бидат секојдневие на сите православни луѓе.

-Современата политика често носи многу непријатности и борба на групите што се обединуваат заради понекогаш меѓусебното ривалство, а јас тоа не го гледам како политика во изворното значење на тој збор, кажа Порфириј.

Зборувајќи за пандемијата на коронавирусот, тој ги повика граѓаните да бидат силни и трезвени, да не дозволуваат да преовладува стравот и оцени дека „секоја здрава личност може да биде многу полош вирус”.