дома Хроника Пpивeдeни двajцa kpaдци вeднaш пo извpшeнaтa kpaжбa – yкpaдeнoтo вpaтeнo нa coпcтвeникoт

Пpивeдeни двajцa kpaдци вeднaш пo извpшeнaтa kpaжбa – yкpaдeнoтo вpaтeнo нa coпcтвeникoт

На 08.08.2021 околу 15.30 часот во круг на фирма на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени од слобода се Е.А.(29) и Л.А.(23), двајцата од Скопје.

Постапувајќи по пријава, тие биле фатени веднаш по извршено кривично дело тешка кражба во деловниот субјект и кај нив се најдени украдените предмети, кои се одземени и вратени на сопственикот.

Двете лица се приведени и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, по документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.236.ст.1.од Кривичниот законик.