дома Хроника Пpивeдeни двe лицa вo вpcкa co пpecтpeлкaтa вo Ѓорче Петров вo кoja...

Пpивeдeни двe лицa вo вpcкa co пpecтpeлкaтa вo Ѓорче Петров вo кoja бeшe paнeтo eднo лицe

Во текот на вчерашниот ден околу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З.Р.

Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.

Како што пренесе КУРИР, ранетото лице е син на поранешен верски лидер во Македонија и станува збор за Зекљуљ Реџепи.

Полицијата синоќа за нападот привела две лица, а повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.