- Advertisement -
Синоќа околу 22.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.С.(38) и З.И.(24), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени неколку пакувања кокаин.
Од МВР денеска информираа дека тие биле задржани во Полициска станица Гостивар.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.