дома Хроника Пpивeдeни двe лицa oд Пpилeп зa издpжyвaњe зaтвopcки kaзни

Пpивeдeни двe лицa oд Пpилeп зa издpжyвaњe зaтвopcки kaзни

Денеска (13.08.2021) во 07.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, врз основа на судска наредба, ги привеле С.Ј.(47) и Ќ.Ш.(50), двајцата од Прилеп за издржување казна затвор.

С.Ј. е осуден на затворска казна од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, за тешка кражба. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Прилеп. Додека, Ќ.Ш. е приведен за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 238 од Кривичниот законик за извршена разбојничка кражба. Тој бил спроведен во Казнено- поправната установа Битола.