дома Хроника Пpивeдeни двe лицa ocoмничeни зa kpaжбa вo пpoдaжeн oбjeкт во Куманово

Пpивeдeни двe лицa ocoмничeни зa kpaжбa вo пpoдaжeн oбjeкт во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска 10 минути по полноќ ги лишиле од слобода Н.Д.(35) и К.А.(27), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во продажен објект.

Како што соопшти МВР, при нивен личен преглед и при претрес во домот на Н.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари и разни предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Предметите и парите биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.