дома Хроника Пpивeдeни нeкoлкy лицa, мeѓy кoи и мaлoлeтник вo двa cлyчaи вo Скопје...

Пpивeдeни нeкoлкy лицa, мeѓy кoи и мaлoлeтник вo двa cлyчaи вo Скопје – пpи извpшeн пpeтpec кaj нив билa пpoнajдeнa мapихyaна

– На 15.09.2021 во 21.45 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода Н.С.(20) и еден малолетник, двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана и кутија со ризли.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– На 15.09.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода Р.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.