дома Хроника Пpивeдeни тpи лицa oд гостиварско пopaди тpгoвиja co kokaин

Пpивeдeни тpи лицa oд гостиварско пopaди тpгoвиja co kokaин

На 15.01.2021 во 21.30 часот во Гостивар, од страна на инспектори од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишени од слобода се К.М.(30), К.О.(20) од Гостивар и О.С.(19) од  с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

Имено, при преглед кај К.М. биле пронајдени пет пакувања кокаин, кој сакал да им го продаде на К.О. и С.О.. Сите тројца биле приведени во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.215 и чл.216 од Кривичниот законик.