дома Хроника Пpивeдeни тpojцa дилepи oд кoи eдeн Бугарин вo Скопје – ова се...

Пpивeдeни тpojцa дилepи oд кoи eдeн Бугарин вo Скопје – ова се деталите

На 05.05.2021 во 20 часот во СВР Тетово биле приведени Е.И.(26), А.Д.(27), двајцата од Скопје и Р.И.О.(30) од Република Бугарија, кои околу 12.25 часот биле лишени од слобода во Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Тие се сомничат за инволвираност во случајот со пронајдените две вреќи со марихуана на локален пат над тетовското село Камeњане на 04.05.2021.

Тие се задржани во Полициската станица Тетово и денеска со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.