дома Хроника Пpивeдeн битолчанец зa извpшeнa тeшka kpaжбa вo Прилеп

Пpивeдeн битолчанец зa извpшeнa тeшka kpaжбa вo Прилеп

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден лишиле од слобода едно лице од Битола, поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп.

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција од СВР Битола на 02.07.2021 го лишиле од слобода А.Б.(29) од Битола, поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп, при што бил одземен метален сеф со пари.

Лицето и кривичната пријава се предадени во Основното јавно обвинителство Прилеп за понатамошна постапка.