дома Хроника Пpивeдeн дилep oд ceлo Чегране, ocyдeн нa тpи гoдини зaтвop

Пpивeдeн дилep oд ceлo Чегране, ocyдeн нa тpи гoдини зaтвop

Лице од село Чегране е приведено од страна на полициски службеници за издржување затворска казна од три години.

Денеска (24 февруари) околу 11.45 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(19) од ова село, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, Ф.А. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово” во Тетово за издржување на казната.