дома Хроника Пpивeдeн маж од Кочани: Bo нeгoвиoт дом пpoнajдeни нaд 600 пиpoтeхнички cpeдcтвa

Пpивeдeн маж од Кочани: Bo нeгoвиoт дом пpoнajдeни нaд 600 пиpoтeхнички cpeдcтвa

Полицијата приведе 56-годишен маж од Кочани кај кого биле пронадени петарди, огномети и други пиротехнички средства.

Според информациите на МВР, вчеравечер во 20.50 часот, полициски службеници го привеле З.Р.(56) од Кочани.

Претходно, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 604 парчиња различни пиротехнички средства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.