дома Хроника Пpивeдeн 33-гoдишeн cкoпjaнeц пopaди kpaжбa вo вoзилo

Пpивeдeн 33-гoдишeн cкoпjaнeц пopaди kpaжбa вo вoзилo

Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода Р.Џ. (33) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во патничко моторно возило.

Кај Р.Џ. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при негово легитимирање приложил возачка дозвола на име С.Р., бидејќи имал забрана за управување на моторно возило до 2022 година.

Тој е приведен и задржан во Полициска станица Карпош, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.