дома Хроника Пpивeдeн paзбojник вo Скопје: Извpшил kpaжбa вpз вpaбoтeнa вo мaгaцинcки пpocтop вo...

Пpивeдeн paзбojник вo Скопје: Извpшил kpaжбa вpз вpaбoтeнa вo мaгaцинcки пpocтop вo мapкет, нa дpyгa ce зakaнил co пиштoл

Денеска во 12.00 часот, на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир и Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Р.Р.(45) од Скопје, известуваат од Министеството за внатрешни работи.

– Ова е поради основано сомнение дека на 16.9.2021 извршил кривично дело разбојничка кражба во магацински простор во маркет на ул. „Македонско Косовска бригада“ во Скопје, при што одзел пари од чанта на вработена, а откако бил забележан, со пиштол се заканил на друга вработена и се дал во бегство, се вели во соопштението.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.