дома Хроника Пpивeдeнa жeнa од Тетово: Уkpaлa 2.600 евpa oд фиpмaтa во која работела

Пpивeдeнa жeнa од Тетово: Уkpaлa 2.600 евpa oд фиpмaтa во која работела

Полцијата денеска приведе жена од Тетово поради сомнение дека извршила кражба во фирмата во која работела.

Дваесет и шестгодишната тетовка Д.Ј. денеска претпладне е приведена поради основи на сомнение дека извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела 2.600 евра, соопшти МВР.

Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе ѝ биде изготвен соодветен поднесок. Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата денеска околу 11.30 часот.