дома Свет Пpимиpjeтo пpeкpшeнo, нoви вoeни cyдиpи вo тeк

Пpимиpjeтo пpeкpшeнo, нoви вoeни cyдиpи вo тeк

Додека привремено се стопираа преговорите на првите дипломати на Азербејџан и Ерменија со меѓународни посредници во Женева, во обид да се постигне договор за запирање на борбите околу регионот Нагорно Карабах, двете земји објавуваат за нови борби во и околу спорниот регион, со што секоја страна ја обвинува другата. Како што јавува Ројтерс, Министерството за одбрана на Азербејџан вчера соопштило дека ерменските сили продолжуваат со нападите врз азербејџанските градови и села.

Од друга страна, етничкото ерменско раководство на Нагорно Карабах ги обвини азербејџанските сили дека со ракетни напади биле нападнати градот Мартуни и другите области. Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се потребни договори за ефективни контролни механизми доколку има одржлив прекин на огнот во отцепениот регион Нагорно Карабах. Лавров рече дека таквите механизми може да вклучуваат употреба на разни електронски уреди, телефонска линија меѓу Ереван и Баку, набљудувачи под покровителство на ОБСЕ и операции со учество на воени контингенти. Инаку, актуелните судири избувнаа на 27 септември, а борбите продолжија и покрај трите договори за прекин на огнот.